На располагање 35 милиони евра

Bez autora
Jun 18 2013

Малите и средни претпријатија можат со свои проекти да аплицираат на огласот за користење на средства за екоиновации, кои се дел од програмата за конкуретност и иновативност на Европската комисија. Од Стопанската комора на Македонија, чии претставници ги повикаа компаниите да аплицираат, информираат дека досега ниту една македонска фирма нема добиено средства од оваа програма иако имало обиди за конкурирање. Македонските компании имаат пристап до овие средства уште од 2008 година. Иако беше направен обид на поднесување апликации во рамки на екоиновации, се уште ниту една компанија нема добиено проект. Една од клучните пречки која ја детектиравме е тоа што со оваа програма се кофинансира 50% за инвестицијата, односно останатите 50% ги обезбедува самата компанија.

На располагање 35 милиони евраМалите и средни претпријатија можат со свои проекти да аплицираат на огласот за користење на средства за екоиновации, кои се дел од програмата за конкуретност и иновативност на Европската комисија.

Од Стопанската комора на Македонија, чии претставници ги повикаа компаниите да аплицираат, информираат дека досега ниту една македонска фирма нема добиено средства од оваа програма иако имало обиди за конкурирање.

- Македонските компании имаат пристап до овие средства уште од 2008 година. Иако беше направен обид на поднесување апликации во рамки на екоиновации, се уште ниту една компанија нема добиено проект. Една од клучните пречки која ја детектиравме е тоа што со оваа програма се кофинансира 50% за инвестицијата, односно останатите 50% ги обезбедува самата компанија. Затоа, како Стопанска комора, побаравме да се формира гарантен фонд во рамки на кој компаниите ќе можат полесно да дојдат до финансиски инструменти - истакна Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија.

Годинава, вкупниот буџет за проектите кои ќе конкурираат за потпрограмата екоиновации е 35 милиони евра, а огласот ќе биде трае до 5 септември. Почетниот датум за одобрение на проектите е март 2014 година, а најдоцна до мај се очекува да бидат потпишани договорите и да се започне со реализација на проектите.

Приоритетно ќе бидат поддржани проекти за рециклирање на материјали, одржливи градежни материјали, производство на храна и пијалаци, вода и зелена економија. Новина е тоа што со овој повик не се опфатени проекти од областа на енергетската ефикасност.

Ова е последен повик во рамки на ЕУ програмата ЦИП 2007 - 2013 година по што во втората половина од 2014 година ќе се очекува отпочнување на нов циклус повици. Потпрограмата екоиновации ќе биде опфатена до програмата Косме 2014-2020. Во последните пет години одобрени се над 240 екоиновативни проекти од кои 70% се доделени на мали и средни претпријатија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik